Катастрофалната ситуација со бегалците може да доведе до враќање на граничните контроли во Шенген зоната, распад на Европската унија, па дури и војна. Такво мислење беше изразено од страна на министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.
Коренот на злото политичарот го гледа во лажниот национализам, доминантен во голем број земји од ЕУ, кои што го игнорираат принципот на солидарност.
“Ова може да се случи многу брзо, ако се свртиме кон изолацијата, а не кон солидарноста“.