Пет големи грешки што жените ги прават во креветот

Жените комплицираат голем дел од работите во животот, а од тој тренд не е исклучен ни сексот. Меѓутоа, постојат неколку грешки во креветот што денес апсолутно мора да ги избегнувате, а со тоа сексуалното задоволството ќе ви биде загарантирано.

Не глумете оргазам

Оваа точка е многу поважна за неа, отколку за него. Глумењето оргазам веројатно може да се прости во некои посебни случаи, но никако не смее да премине во навика. Можеби и не размислувате на тој начин затоа што со глумата лесно ги завршувате „обврските“ во креветот, но, всушност, се лажете сами себеси. Освен тоа, речиси секој маж во светот од петни жили ќе се потруди да ве доведе до сексуалниот врв, ако вие тоа му го дозволите.

Иницијатива

Иако повеќето луѓе денес се посветени на проблемите и обврските, не смее да се заборава дека токму сексот е одлична активност за опуштање од секојдневните нервози. Да, мажите таа потреба во најголемиот број случаи ќе ја искажат во поголема мера од жените, но зошто некогаш вие да не ја преземете инцијативата за да се галите со партнерот? Доволно е само да почнете и ќе сфатите колку тоа е добро и колку ви било потребно.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Мрзливост

Ако веќе имате секс, тогаш уживајте во него. Немојте само да лежите и да очекувате тој да ја заврши целата работа. Тоа е рецепт за лош секс. Разбудете се, кажете му што сакате, бидете вклучени и активирани.

Иновативност

Никој не вели дека треба веднаш да се фрлите на жестоки еротски игри, но зарем не ви е досаден истиот секс одново и одново? Почнете со мали чекори како нова поза, а притоа продолжете да истражувате што и на двајцата ќе ви се допадне. Може ќе откриете некоја своја нова страна, за која не сте знаеле дека постои, а со тоа и сексот ќе биде подобар.

Срам

Партнерот лудо ќе го заведете ако покажете иницијатива и предложите креативни идеи. Не се срамете да ги споделите фантазиите или да ја пробате позата што одамна ја посакувате. Бидете отворени и не грижете се затоа што секој маж ќе сака да истражува со вас. [5 Sex Mistakes to Stop Making Immediately]

- Реклама -