Жената што лажираше рак за свадба (видео)

Џесика Вега, во 2010 година, изглуме дијагноза – леукемија, за да го натера нејзиното момче и татко на нејзините деца, да ја побара за жена. Не само што тоа ѝ успеа, туку таа доби и бесплатна свадба од соништата и меден месец во Аруба – но и затворска казна.

Голем број луѓе кои се натажија поради приказната на „несудената невеста“, започнаа со испраќање донации. Па така, Џесика Вега доби бесплатна венчаница по желба, бесплатен свадбен прием, но и меден месец со платени трошоци во Аруба.

Набргу потоа, сопругот – Мајкл О’Конел започнал да се сомнева во дијагнозата, бидејќи здравјето не ѝ се влошувало. По малку истражување, тој отркил дека таа е совршено здрава и веднаш поднел барање за развод. По разводот пристигна и официјалното обвинение за измама, по што Вега одлежа речиси 2 месеци затвор.

{youtube}tYYSeWK2cLY{/youtube}

Како што обично се случува со измамниците, Вега е повторно во светските вести. Овојпат, таа е смирена со нејзиниот сопруг и сега заедно гостуваат по утрински емисии во Америка, раскажувајќи колку им е жал за тоа што се случило, дека немилата случка донела нова перспектива во животот и уште еден куп глупости кои се одлично извежбани, во име на публицитетот. [Jessica Vega, ‘Fake Cancer Bride’, Is Back With Her Ex-Husband ]

- Реклама -