Животот не е фер и не секој може да си дозволи да го има автомобилот од соништата. Така, најчесто луѓето мораат да се задоволат со некој поекономичен модел, или пак да се помират дека немаат доволно средства да си дозволат личен автомобил, па се служат со јавниот превоз. Во секој случај, не заборавајте дека секогаш имате и „направи сам“ опција, меѓутоа на волку комплициран проект тешко дека некој би се нафатил. Ова не важеше за момчето од видеото подолу, кој сонот наречен „Porsche 911“, успеа да го изгради од деови од велосипед.