Зеленски: „Русите ракетираа Дом на културата во Лозова, загина и дете… Што ли им е во главите?“ (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од моментот кога проектил го погодува обновениот Дом на културата во градот Лозова во регионот Харков, изразувајќи згрозеност од методите што ги користат руските сили во Украина.

Според Зеленски, во нападот загинале 7 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Регионот Харков. Градот Лозова. Руски ракетен напад врз новообновениот Дом на културата. Седум жртви, меѓу кои и едно 11-годишно дете. Окупаторите ги прогласија културата, образованието и човечноста за свои непријатели. И не штедат ни проектили, ни бомби. Што ли е во главите на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост“, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -