Зелената глина го чисти организмот

Повеќе...

Исчистете го телото од отрови. Целиот организам ќе ви биде благодарен, а вие поново ќе заблескате. Сѐ што треба е да одвоите малку време за себе.


glina.jpg

Со програмата за детоксификација вие го чистите црниот дроб и бубрезите, ја подобрувате циркулацијата и протокот на лимфа, се регулира варењето на храната, се подобрува концентрацијата и ослободува од стресот, се зајакнува имунитетот, а на кожата и се враќа сјајот и еластичноста. Еве неколку совети кои можете да ги направите во домашни услови.

Почнете со пилинг! Со него ќе ги отстраните мртвите ќелии и нечистотии од површината на кожата, ќе и овозможите полесно да дише и ќе ја зголемите циркулацијата. За тоа најдобро е да искористите 50 грама ситна морска сол, 5 капки етерично масло од портокал, 2 капки етерично масло од лимон и две лажици маслиново масло. Смесата искористете ја веднаш по туширање кога кожата е сеуште мокра и порите се отворени. Пилингот користете го еднаш неделно.
Маска од глина. Глината е добра за кожата затоа што ги впива сите нечистотии од кожата. Се припрема на многу едноставен начин: 50 грама глина се меша со обична минерална вода, се додека не се добие кремаста маса и се нанесува на чисто лице. Оние кои имаат сува кожа нека пробаат да ја измешаат со маслиново масло наместо со вода. Практикувајте го ова еднаш до два пати неделно. Облогите од глина, маските и нејзиното орално внесување го поттикнува телото на излачување на токсините од организмот.

Направете си сами свој препарат за нега на кожата. Во 100мл сончогледово ладно цедено масло додајте 100 капки етерично масло, или пак, изберете си пет омилени етерични масла и од секое капнете по 20. Смесата секојдневно користете ја за локално втривање после туширање. Ефектите се видливи после неколку дена.

Задолжително пијте чај, затоа што при детоксификација важно е да ја поттикнете работата на црниот џигер и бубрезите, и тоа чај од чичка, коприва или зелен чај. Пијте ги чисти без шеќер, лимон или мед. Ваквиот третман се препорачува да се применува во текот на 6 недели.

- Реклама -