Сѐ ќе се разјасни во следните денови, кога Заев ќе ја предаде оставката во Собранието, вели за „Косова прес“ генералниот секретар на Владата и близок пријател на премиерот – Мухамед Зекири, пренесува „Слободен печат“.
Според Зекири, премиерот Зоран Заев е многу разочаран и тешко дека ќе ја преиспита одлуката да поднесе оставка, иако на тоа инсистираат не само партнерите од коалицијата, туку и, како што вели Зекири, „пријатели од меѓународната заедница“.
Според Зекири, Заев е разочаран како од исходот на локалните избори, така и од процесот на отворање преговори со ЕУ, односно е разочаран што резултатите не ги рефлектираат, како што вели тој, неговите храбри надворешни политики (целата изјава ТУКА).
Заев најверојатно сѐ уште нема поднесено оставка ни од функцијата претседател на СДСМ. Од таму, на прашање од ТВ24 дали Заев ја поднел оставката до органите на партијата, само кратко одговориле со „Кога ќе има информација за тоа, ќе знаете!“.