Зекири со фотка од Заев на мотор: „Game change”

Генералниот секретар на Владата и близок пријател на премиерот – Мухамед Зекири, на Фејсбук објави фотографија на која Зоран Заев е на мотор со победнички кренати раце, со порака „Game change” („промена на играта“, пресврт).

Објавата следуваше откако пратеникот на Беса – Кастриот Реџепи, објави дека нема да гласа, односно да присуствува на седницата за недоверба на владата. Без него, опозицијата, барем засега, ги нема потребните 61 пратеници за да има кворум за официјално започнување на седницата.

- Реклама -