За подобро здравје и зголемена продуктивност – игнорирајте ја електронската пошта

Дали сте едни од оние кои имаат навика да ги проверуваат e-mail сандачињата на секои 30 минути? Според научниците, ваквата практика го зголемува нивото на стрес хормоните, а со тоа се забрзува работата на срцето односно пулсот со што му се нанесува штета на целиот организам.

Научниците направиле истражување на две групи на луѓе додека биле на работното место. Едната група по неколку пати дневно проверувале e-mail, додека другата група проверувала најмногу еднаш, а научниците ги набљудувале нивните физички реакции.

Научниците откриле дека секое проверување на електронската пошта придонесува за зголемување на стрес хормонот а со тоа и до значително зголемување на пулсот и ризикот од срцеви болести. Доколку сакате да го заштитите вашето здравје потрудете се колку што можете повеќе да ги игнорирате сандачињата.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Во едно друго истражување, една група на луѓе биле целосно ослободени од проверување на електронската пошта додека биле на работното место и за неколку дена тие се изјасниле дека се чувствуваат многу поопуштено и комотно.

Знаеме дека електронската пошта е неопходен за повеќето од нас, но ве советуваме да не станете негови зависници, туку да го отворате тогаш кога навистина ќе биде потребно.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -