Информација за сите „трендсетери“ и оние кои така се чувствуваат: метросексуалците повеќе не се во мода, од неодамна ги истуркаа ламберсексуалците или „урбаниот дрвосечач“ чиј заштитен знак е брада од неколку дена, залижана коса, чизми или чевли од брендот Timberland, ранец и задолжително карирана кошула, по можност од некој груб материјал како фланел.
Кога би требало да се опише еден просечен ламберсексуалец, тој би излгедал вака: вработен е во секторот на нови технолигии, заработува повеќе од пристојна плата и покрај тоа што ги презира метросексуалците, нивните тесни панталони и кравати, ламберсексуалецот (lambersexual, од англискиот збор „lamberjack“ што значи дрвосечач) со својот „опасен“ изглед се обидува да остави влијание на околината.
Излгеда како да пред малку дошол од шума и од ранецот во секој момент би можел да извади секира, а тесните дизајнерски фармерки се заменети со широки и излитани.
Иако на прв поглед не изгледа така, типот на мажи „урбан дрвосечач“ троши многу пари на гардероба и козметика, иако остава впечаток дека воопшто не се грижи за својот изглед.
Има истакнат вкус за културни настани, а во потрага за природно и органско многу ја цени домашната кујна.
Ламберсексуалците го собрале најдоброто од мачо мажите и метросексуалците.
Експертите тврдат дека улиците се веќе преплавени во светските градови, од Њујорк, преку Лондон до Париз.
Холивудски примери за ламберсексуалци се Рајан Гослинг, Ерик Кантонеи, Џерард Батлер и многу други.
А што мислат жените за овој нов тренд?
Можеби по периодот на метросексуалци потребно беше токму тоа, бидејќи ламберсексуалците, според женските списанија, меѓу нив се се повеќе популарни и привлечни.
Сепак, треба да се има на ум дека малку запоставена брада, карирана кошула, монтки и див изглед, дефинитивно има успех кај спротивниот пол се додека мирисаат како вистински дрвосечач по напорен ден.