Италијанците апсолутно заслужено дојдоа до триумф, кој можеше да и полесно да го обезбедат со оглед што имаа плус 15 (66-51) по првите неколку минути од последниот период. Но, црвено-белите со серија 13-0 намалија на само два поени и внесоа голема неизвесност, која беше прекината со тројката на Били Берон, нивни поранешен кошаркарм кој пред неколку години им донесе српска титула на белграѓани и тоа со трочекор во клучната пресметка со Партизан.
Ц. Звезда сега има половичен учинок во Евролигата со скор 7-7, додека Армани џинс побегна од последното место и сега има учинок 4-10.