Да, освен гуските и веб-сајтовите мигрираат. Деновиве, како што може да се примети, серверот на 365.com.mk го достигна својот врв и работеше очајно споро во дадени периоди. Колку и да се нервиравме поради недостапноста, од друга страна не радуваше фактот што големата посетеност е главен причинител(7.940.645 прегледани страници во Декември). Во соработка со Неотел, овие неколку дена работевме на поставување на нов посветен сервер кој засега ќе ги задоволи потребите на сајтот. Ова беше основен предуслов за идна имплементација на новите сервиси и софтверски решенија, па затоа очекувајте свежи идеи во 2008-ма. Во тек е и обуката на 14 нови уредници чии стории деновиве можевте да ги прочитате – 14 веб-новинари од цела Македонија преку еклектичен микс во иднина ќе се погрижат да ги задоволат вашите интереси и очекувања. Конечно, благодариме за разбирањето и поддршката во текот на целата година. 365.com.mk