Животот во затвор е далеку од убав, а за тоа говори и креативноста вложена во изработката на овие предмети и оружја, најдени низ германските затвори, направени од вистински затвореници, и тоа од основни и навидум безопасни материјали.
Еден од поимпресивните примери е радио приемникот најден кај затвореник во германскиот затвор Волфенбутел. Направен е од делови од радио-рекордер, а како таков веројатно би бил инсталиран во собата на стражарите, за да ги предупреди затворениците за претстојните потраги или да им послужи за меѓу-ќелиска комуникација.
Уште еден добар пример е оваа скала, од затворот Санта Фу, направена од метални рамки кои обично се дел од метални полици и рафтови. Скалата била искористена при еден (неуспешен) обид за бегство.
Греач направен од жилети, повторно од затворот Санта Фу. На затворениците им служел за да ферментираат овошје и сокови во „moonshine“ – илегално произведен, високо-дестилиран алкохол.
Се разбира, затвор не може да помине без некое едноставно и импровизирано оружје, како што е оваа пила, исто така најдена во Санта Фу.
А не може да помине ниту без некој посериозен алат, како овој со двојна намена, ем како оружје, ем како „маша“ за отстранување на бодликава жица.
Радио-приемници се најдени и во затворот Лудвигсбург. Затворениците обично ја чуваат нивната технологија скриена во дебели книги, како што се енциклопедиите.
Тука се и класиките од типот на јаже од постелнини и крпи за садови. Ова е долго 16 метри и е најдено при обид за бегство од затворот Санта Фу, во мај 1998-та.
Дефинитивно најимпресивен и најзастрашувачки е оваа импровизирана сачмарка, направена од метални ногарки на кревет. Користена е како оружје при бегство во затворот Цел, во мај 1984-тата. Работи со „барут“ направен од олово, перде и врвови од чкорчиња, смеса која се запалува со помош на скршена сијалица и АА батерии. Во случајов, двајцата затвореници ја искористиле за да земат еден од стражарите како заложник, но и за да разнесат прозор од непробојно стакло, по што избегале со кола.