Затворена вратата за македонските туристи во Црна Гора и Хрватска

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја соопшти листата на земји за чии туристи ќе бидат отворени хрватските граници летово.

Тој оцени дека Хрватска „во првото полувреме“ успеала да ја победи епидемијата и соопшти дека хрватските плажи ќе бидат отворени за државјаните на десет земји, меѓу кои не е Македонија, а ниту Србија, туку: Словенија, Австрија, Унгарија, Германија, Полска, Чешка, Словачка, Литванија, Летонија и Естонија.

Претходно, таква листа објави и Црна Гора. На црногорските плажи, од земјите во регионов, ќе можат да уживаат Хрватите, Словенците, Албанците и Грците. Македонија и Србија потворно не се дел ниту од оваа листа. Причината, секако, е бројот на случаи на Ковид-19 во овие две земји.

До крајот на месецов листата со земји за чии државјани ќе биде дозволено патување без особени формалности, со почеток од 15 јуни, ќе ја објави и Грција, најави денеска грчкиот министер за туризам – Харис Теохарис.

- Реклама -