Од денес (20.06) започнува голема летна хуманитарка кампања во организација на светскиот бренд за накит Oxette и здружението Борка. Кампањата која го носи името „Затоа што сите веруваме” има за цел зголемување на свесноста за ракот на дојка и собирање на средства кои потоа ќе бидат искористени за поддршка за жените кои се бораат со оваа болест.
„Затоа што сите веруваме” е кампања која прави спој помеѓу убавиот накит и искрената верба во подоброто утро што го носи животот.
Со секоe купенo парче накит во продавниците на Oxette Македонија, 2% од продажбата во летниот период ќе одат во хуманитарни цели.
Организаторите на кампањата “Затоа што сите веруваме” ги повикуваат сите хуманитарни луѓе да се вклучат во кампањата и со тоа да придонесат за подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.
Кампањата започнува од денес и ќе трае се до 20.09.2014 година.