Деновиве по друштвените мрежи се врти зачудувачка, небаре филмска снимка од сообраќајна несреќа во Словачка. 44-годишен маж, на автопат во близина на Попрад, заспал на воланот од своето BMW. Непосредно пред тунелот, излетувајќи од лентата, колата удира во бетонска препрека која како лансирна рампа го лансира автомобилот „угоре“ на работ на таванот на тунелот Борик. Автомобилот прави двојна пируета по својата хоризонтална надолжна оска и слетува на тркала, целосно демолиран. Возачот, за чудо, само со помали повреди.
Еве ја снимката:
А еве го епилогот: