Заразениот брачен пар од Скопје апелира: Ограничете ги контактите и строго придржувајте се до препораките!

Фото: виа Фејсбук / декември, 2012 година.

Од вкупниот број пациенти на инфективна, двајца се во состојба на подобрување, информираше на денешниот прес министерот Филипче. А според Фејсбук постот на Весна Кондратенко, тие двајца се токму таа и нејзиниот сопруг. Тие се, впрочем, брачниот пар од Скопје кај кои беше потврден Ковид-19, прво во лабораторијата на клиниката „Жан Митрев“, а потоа и од Институтот за јавно здравје, откако имале контакт со заpaзено лице од Србија.

Кондратенко откри како тие се најдоа меѓу жpтвите на коронавиpyсот, но истовремено и упати апел до сограѓаните:

„Сега кога сме подобри, би сакала да ве известам дека утврдивме дека вирусот стаса од колеги од Србија кои беа во работна посета на фирмата. Несвесни за болеста која ја носат, имаа контакти со голем број вработени.

Веднаш кога се разболевме, се повлековме дома мислејќи дека е грип. Имавме три обиди да направиме тест за корона, но од Центарот за јавно здравје не одбиваа со објаснување дека штом не сме патувале, нема ризик од корона“, тврди таа.

„После 5 дена со температура над 39, Зоран доби пневмонија, но ниедна болница не можеше да го прими поради ризик од корона. Најпосле се тестираше во болницата ‘Жан Митрев’ каде беше утврдено дека е заразен. Веднаш потоа се презедоа сите потребни мерки кои фала богу даваат резултати.

Препорачувам, на сите, да ги ограничите контактите и строго да се придржувате на препораките за заштита од вирусот“.

- Реклама -