Заради тегла од Нутела, изгоре цела куќа

Пожарот почнал кога слабите зимски сончеви зраци се рефлектирале од стаклената тегла од Нутела која стоела крај прозорецот, која малата ќерка ја користела за да собира ластичиња. Инспекторите сметаат дека сончевите зраци се магнифицирале и се рефлектирале на ролетните, што предизвикало тие да се запалат.

Деклан Марфи, кој со своето семејство живеел во куќата, вели дека за време на пожарот бил излезен со неговата сопруга и децата за да ја прослават нивната годишнина. За тоа време, се запалила собата на ќерката, на првиот спрат од куќата, за потоа огнот да го зафати и покривот на куќата. Во пожарот изгорело нивното куче, кое останало заробено во куќата. Ќе биде потребна околу една година пред куќата да биде поправена и семејството да може повторно да се всели во неа.

SWNS_NUTELLA_FIRE_16.jpg

Главниот електричар изјави: „Луѓето треба да се свесни за опасностите од чувањето на стаклени предмети близу до прозорците и под директна сончева светлина, за да не мораат да поминуваат низ вакви слични трагедии“.

Чарли Пагсли, од Лондонската противпожарна бригада потврдува: „Звучи неверојатно дека тегла со ластичиња може да предизвика сериозен пожар, ама токму тоа се случило. Секогаш е добра идеја да потрошите екстра пет минути и да се осигурате дека на даските од прозорите немате оставено некој стаклен или кристален предмет што би можел да доведе до пожар што ќе ви го промени животот“.

Ова не е само неверојатна случајност. Ваквите пожари настануваат многу почесто отколку што претпоставувате. Неодамна, Мишел Моне (тајкун од сферата на секси долна облека) напиша на Твитер дека фотелјата одеднаш и се запалила, како резултат на сончевите зраци кои се одбиле од огледалото на блиската масичка. Според лондонската противпожарна бригада, дури 125 пожари во последните 5 години во Британија, настанале заради истите причини. Тие предупредуваат дека опасноста е подеднакво голема и во лето, и во зима.

Па, очигледно е дека овде не се работи за некаков урбан мит и дека треба да се биде навистина внимателен кога се работи за безбедноста на домот. Ве предупредивме.

- Реклама -