Заради селфи, комплетно уништил статуа од 19-ти век

portugal_statua[1]

Виновникот останува неименуван од полицијата, ама признал дека статуата се срушила на делови откако се качил на постолјето, пред железничката станица во Лисабон. Негде пред полноќ пробал и да побегне, ама полицијата го уапсила.

Статуата стои… стоеШЕ помеѓу два лаци во облик на потковица на влезот на станицата уште од 1890 година и е заштитен споменик.

„Кралот со меч“ е всушност Дом Себастиао – кој владеел помеѓу 1557 и 1578 година, но исто така е и трагична личност во португалската историја бидејќи загинува во Крстоносната војна во Мароко на возраст од само 24 години. Неговото тело никогаш не е прописно идентификувано, од што веројатно произлегува и локалната легенда дека кралот еден ден ќе се врати и ќе ја спаси Португалија во времиња на неволја.

Е, негова статуа уништил…

- Реклама -