Популарниот холивудски актер Арнолд Шварценегер е фасциниран од телото на србинката Бојана Васиљевиќ, вицешампион во светот во фитнес тело.
– Може да замислите каков беше неговиот коментар за мојот изглед- вели Бојана за српските медиуми.
Соништата се остваруваат, а тоа го сфатила и Бојана Васиљевиќ (32), вицешампион во светот во фитнес тело и е една од две српски натпреварувачки кои имаат професионална лиценца за овој спорт.
Веќе неколку години живее во Лос Анџелес, каде работи како фитнес модел, личен тренер, натпреварувач, но и професионален тренер на познати личности од Холивуд. Таа пред неколку дена имала прилика да ја запознае и познатата ѕвезда од американскиот филм Арнолд Шварценегер, легенда во бодибилдингот, кој ѝ дал голем број комплименти на нејзиниот изглед и ѝ покажал неколку вежби.
Таа е и една од најуспешните српски спортиски во Америка.