За некои мажи таа може да изгледа како совршената жена: Висока 170cm и тешка 54 килограми, таа ќе зборува со вас до бескрај и тоа само за она што вас ве интересира, со неа можете да имате секс кога и да посакате, сè додека трае батеријата. Запознајте ја Roxxxy, најсофистицираниот робот-жена кој може да зборува. За 7.000 долари таа може да биде ваша.

„Таа не чисти и не готви, но прaви речиси сè друго,“ вели нејзиниот создавач – Даглас Хајнс, кој ја претстави Roxxxy минатиот месец на Adult Entertainment Expo во Лас Вегас, Невада. Иако Roxxxy уште неколку месеци нема да биде достапна во продажба, од нејзиното преставување досега на веб страницата TrueCompanion.com се направени 4.000 пред-порачки, а околу 20.000 мажи биле заинтересирани за продуктот.
Компјутерот под нежната силиконска кожа на Roxxxy доаѓа со софтвер за препознавање на гласот и софтвер кој овозможува таа да води разговор во реално време, речиси без задоцнување. За да биде пореалистична, Roxxxy има и способност да продуцира различни дијалекти во различно време. Таа зборува во сон, дури и хрчи. Сега-засега таа разбира и зборува само Англиски, но компанијата True Companion веќе развива и шпанска и јапонска верзија.
Со дополнителна доплата, таа може да се програмира за разговор кој одговара на потребите на клиентот, а поседува пет различни личности, од Фригидната Фара до Дивата Венди, кои можат да бидат програмирани во однос на преференците на клиентот. Roxxxy e „опремена“ и со сензори на нејзините раце и гениталии, кои предизвикуваат вокални реакции кога таа е допрена. Таа дури и трепери за да симулира оргазам. Можеби единствената маана на жената-робот е тоа што работи на батерии кои траат околу 3 часа, после што таа треба да се наполни преку приклучокот кој се вклучува на нејзиниот грб. [Inventor unveils $7,000 talking sex robot]