Запознајте ја последната нинџа во Јапонија (видео)

Јиничи Каваками е последниот нинџа во Јапонија, 21. наследник на кланот Бан, династија на шпиони стара 500 години.

Тој може да слушне ако падне игла во соседната соба, може да исчезне во облак чад и е во состојба да одземе нечиј живот на далечина од 15 метри со помош на шурекин со пречник од 5 сантиметри.

„Мислам дека ме нарекуваат последниот нинџа затоа што не постои друга личност на светот која ги научила сите вештини кои во текот на вековите се пренесувале од еден на друг нинџа мајстор. Вистинските нинџи повеќе не постојат“, смета Каваками.

Тој дозволил оваа древна професија да исчезне затоа што во модерното време нема место за нинџи.

По струка инженер, Каваками почнал да тренира за нинџа од 6 години. За да ја подобри концентрацијата бил во состојба со часови да гледа во пламен од свеќа, се додека не почувствувал дека се наоѓа во неа. За да го унапреди слухот, постојано се обидувал да го чуе падот на иглата во соседната просторија. Се качувал по ѕидови, скокал од големи височини и научил како да меша хемикалии за да добие експлозија. Во состојба е да поднесе екстремни температури како и со денови да преживее без вода и храна.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

[youtube]http://youtu.be/GYIK_bRf9WI[/youtube]

„Тренинзите беа напорни и болни. Не беше забавно, но не размислував за тоа што го правам така што тренинзите станаа составен дел од мојот живот“.

На 19 години ја добил титулата нинџа како и древни алати и тајни списи.

Тој, пак, тврди дека вештините на нинџата потекнуваат од факторот изненадување, а не од простата сила. Нинџата ги експлоатира слабостите на противникот за да ги совлада и непријателите кои се и посилни од него, а неочекуваното криење и исчезнување е неговото најмоќно оружје.

Каваками одлучил да не ги пренесе своите вештини и тоа го прави последен нинџа во кланот Бан.

- Реклама -