Крстосувачот „Хармонија од морињата“ исплови во четвртокот од пристаниште во западниот дел на Франција.
Се смета за архитектонско чудо, а особено импресивна е должината на бродот – 50 метри повеќе од висината на Ајфеловата кула.
Ни внатрешноста не е нешто помалку посебна – толку е голема што ја споредија со помала верзија на познатиот Централ Парк во Њујорк – има 16 палуби, 10.587 растенија и 52 дрвја.
Комплексот вклучува голем број на ресторани, барови, спортски зони, зона за забава и слично, па и да е некој терсене, тука ќе си има занимација.
Една од најголемите атракции е бионичкиот бар – пијачките ги служат роботи, но и џиновскиот тобоган наречен The Ultimate Abyss, кој всушност е и најголемиот тобоган на море.