Дали започнува зомби апокалипсата?

Поради некоја причина реалноста почна да ги имитира сите зомби филмови и дури и најскептичните луѓе би почнале да се двоумат. Прво гол маж се обидувал да го изеде лицето на друг човек во Мајами а сега и овој чуден твит од Универзитетот од Илиноис во Урбана-Шампањ.

Дали апокалипсата на живите мртовци се подготвува трапаво да влезе низ вратата? Инцидентот кој бил причина за овој твит всушност било колапс на полица во Институтот за Геномска Биологија во понеделникот вечерта. Некој лаборант бил испрскан со комбинација од хемикалии и запаливи раствори.

Противпожарна екипа брзо реагирала на локацијата, затворајќи ја зградата по што хемикалиите биле исчистени. „Бидејќи не знаевме што точно се случило и дали постои опасност испративме сè што имавме“ изјавил поручникот Тод Шорт од универзитетската полиција.

Дури и известувањата кои следеле по несреќата биле неспецифични и малку морничаво формални. “Испуштањето на опасните материи во Институтот за Геномска Биологија било средено и повеќе не претставува закана.“ Таков твит би бил очекуван од претставници на Универзитетот од Ракун Сити. [Zombie fans, this is the most ominous real-life tweet you’ll ever read]

- Реклама -