Започна шестото издание на Викенд Медиа Фестивалот (Weekend Media Festival), кој од денес па се до 22 септември во Ровињ ќе биде домаќин на околу 4 000 учесници од сите држави од балканскиот регион како и од останатите европски земји и светот.
Во програмата на фестивалот учество ќе земат повеќе од 100 предавачи и панелисти, додека во делот на забава, по кој фестивалот секогаш бил претпознатлив, ќе настапат Дискобајага (Diskobajagi) и Сергеј Трифуновиќ (Sergej Trifunović) со својот Мунденс Биг Бенд (Moondance Big Bandom).
Програмата и оваа година се одржува во четири сали во фестивалскиот простор на старата фабрика за тутун во Ровињ. „Иако сеуште претставуваме најголем собир на медиуми, маркетинг и ПР агенции во регионот, оваа година програмата ја збогативме со панели и предавања на кои ќе се дебатира и на други теми. На тој начин сакаме да ги опфатиме сите актуелни теми кои влиаат на технолошкиот и комерцијалниот развој на медиумите“, изјави Томо Рицов (Tomo Ricov), директор на фестивалот.
Во програмскиот дел на панелисти има поставено дискусија за новите бизнис модели во телекомуникации и финансиска индустрија, како и дисукусии во кои политичарите и луѓето за односи со јавност (ПР) од регионот ќе имаат соочени мислења за тоа што се смее а што несмее во политичка комуникација.
Фестивалот оваа година носи интригантни предавачи и панелисти од најголемите светски компании, изјави програмскиот директор Никола Врдољак (Nikola Vrdoljak). „На фестивалот ќе се престават Том Будај (Tom Buday), директор/шеф на глобалниот маркетинг на компанијата Нестле (Nestle), Нир Козрак (Nir Korzack) од Гугл Израел (Googlea Izrael) и поранешниот уредник на Фајненшл Тајмс (Financial Timesa) Џефри Овен (sir Geoffrey Owen). Интересно ќе биде и на панелите за Европската унија, каде што два новинари од водечките британски медиуми ќе ги престават своите дијаметрално спротивни ставови со посредништво на хрватските колеги“, додаде Никола Врдољак (Nikola Vrdoljak).
Панелот на тема „Регионален Бенелукс“ е посветен на можното создавање на регионални мега компании, додека за иднината на печатените медиуми ќе се разговара на панелот „Враќање на принт медиумите“. Директорот на ХРТ (HRT) Горан Радман (Goran Radman) ќе открие некои детали во реконструирањето на храватската радиотелевизија, додека претставници на регионалните телевизии ќе се обидат да огвоворат на прашањата како некои Телевизиски (ТВ) продукции успеваат да станат регионален производ.
На шестото издание на Викенд Медиа Фестивалот (Weekend Media Festival), по втор пат ќе се оддржи претставување на најдобрите регионални маркетинг агенции БалКанс (BalCannes), на кое пријавени се 82 производи од шест земји од регионот. Вовед во БалКанс (BalCannes) натпреварот ќе биде панел дискусијата на големите огласувачи, кои ќе разговараат за тоа како ги избираат агенциите со кои соработуваат, додека следниот ден лидерите на водечките агенции на панел дискусија ќе разговатаат за сервисирањето на регионалните клиенти и поврзување на пазарите.
За прв пат оваа година на Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) ќе се одржи и доделување на регионалните интернет награди СоМо Борач (SoMo Borac). Награда која се доделува во повеќе категории, вклучувајќи ги најдобрите Фејсбоок (Facebook) страни, Твитер (Twitter) и Инстаграм (Instagram) профили, најдобрите мобилни апликации, таблет магазини и онлајн видео на годината.