Запечени тестенини со пилешко и шунка

Денеска учиме како да подготвиме тестенини со пилешко и шунка.

Состојки:

2 лажици путер

2 лажици брашно

шолја млеко

200 г. пилешко бело месо, варено и исецкано

200 г. шунка исецкана на коцки

300 г. тестенини ( по желба)

целер, исецкан

сол, бибер

лажица мелена пиперка

100 г. кашкавал

Подготовка

1. Загрејте ја рерната на 200 степени

2. Во длабока тава, стопете го путерот, па додадете брашно и топлете додека не се појават меурчиња. Постепено додадете од млекото, постојано мешајќи додека смесата не се згрутчи.

3. Тргнете го од оган и додадете пилешко, шунка, сварени тестенини, целер, а потоа посолете и побиберете по желба.

4. Сето тоа сипете го во плех за печење и печете на загреана рерна околу 15 минути. Извадете од рерната, посипете рендан кашкавал и пипер, а потоа вратете во рерна да се пече уште 5 до 10 минути.

Прочитај повеќе: Потпечени пица макарони

- Реклама -