Потпечени пица макарони

СПОДЕЛЕТЕ

Потребни се следните состојки:

400 грама макарони

300 грама печурки (шампињони)

Шунка од мисирка (може замена пилешка)

Кашкавал

Сирење

Суво месо

Кечап

Малку оригано

Малку маргарин

Потребни состојки за прелив

2 јајца

1 чаша јогурт (може замена павлака за готвење)

Малку сол

 

Подготовка:

1. Макароните се варат во солена вода, се цедат и се плакнат со ладна вода. Се додава шунката исечкана на коцки, сувото месо, рендан кашкавал, на коцки исечкано сирење, малку оригано и кечап. На малку масло се динстаат печурките исечкани на листови, посолени и потоа се додаваат на макароните.

2. Целокупната смеша се соединува во огноотпорен сад претходно премачкан со малку маргарин.

3. Се мачка со кечап и рендано сирење

4. Се матат јајцата со јогуртот па се преливаат врз сирењето. Одозгора се ренда уште малку сирење и се додава оригано.

5. Се пече во загреана рерна на 200 степени.

Се служи топло со пријатно друштво!

Добар апетит

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ