Запечени макарони со мелено месо и печурки

Состојки:

1 пакување макарони

500 гр. мелено месо

400 гр. печурки и ловоров лист

1 главица кромид и лук

сол, бибер, вегета и малку масло и оригано

1 тегла (900 гр) сос за шпагети (сос од домати)

200 гр. рендано сирење (моцарела или некое друго)

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 400 F – 200C. Teстенините сварете ги во солена вода, исцедете ги и прелејте ги со ладна вода, за да не се лепат. Додека се варат макароните подгответе го сосот. Кромидот и лукот исецкајте ги на делови, оставете ги 1-2 минути на тивок оган. Печурките исецкајте ги на тенки парчиња и додадете го месото. Динстајте на лесна температура додека печурките не омекнат, а потоа убаво промашајте. Кога ќе биде готово додадете сос од домат.  Прокрчакјте па додадете ги макароните.  Сето тоа убаво промешајте го, па ставете го тепсија намачкана со путер. Исипете рендано сирење одозгора, па ставете ја тепсијата во рерна да се загрее. Печете додека сирењето не се стопи и започне да добива боја.

Прочитај повеќе: Потпечени пица – макарони

- Реклама -