Занети наскоро се враќа на терените

Капитенот на Интер, Хавиер Занети поради повреда на ахиловата тетива од април е надвор од фудбалските терени, Аргентинецот најави дека наскоро ќе се врати во акција.

Хавиер Занети најави дека за три недели ќе се врати на тренинзите по паузата од веќе пет месеци.

“Доколку се се одвива според планот, за три месеци ќе се вратам на тренинзите со тимот” – изјави Занети за ESPN Radio.

Занети во август наполни 40 години, но возраста не му е пречка да го предводи Интер и да игра на највисоко ниво.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -