Заледена Америка, заледен океанот, „заледени“ и алигаторите (видеа)

САД се погодени од зима каква што не се памети, а по 30 години снег падна и на Флорида.

Жител на Масачусетс, Рајан Кенди, може да потврди дека (добар) дел од океанот е замрзнат, и тоа со видео. Според него, деновиве температурата паднала на скоро -29 степени Целзиусови, кога во просек зимските температури во оваа американска држава не се спуштаат под -8°C.

На интернет се појави и снимка од заробените автомобили во ледот на улиците во Масачусетс.

Од парковите во Северна Каролина пристигнаа и снимки од алигаторите. Целосно оковани во смрзнатата вода, ги пробиваат муцките низ мразот за да можат да дишат. Според шефот на паркот Shallotte, ова е сосема нормален механизам за преживување на алигаторите во вакви услови.

Прочитајте и:  Шикорски за ракетите со долг дострел против Русија: Тоа е јазик што Путин го разбира

Зимската олуја ја погоди и Јужна Каролина, носејќи рекордни врнежи од дожд во таа американска држава. Во бурите загинаа две лица, а резултираа и со лизгање на земјиштето во повеќе региони. Куќите во овие региони се поместени од темел.

Патиштата се блокирани, илјадници луѓе останаа без струја, а за помош и евакуација се користат хеликоптери.

- Реклама -