„Зајди, зајди“ ѝ донесе победа на Катарина Ковачевиќ на „Јас имам талент“

Финалистата во српското шоу „Јас имам талент“ Катарина Ковачевиќ вчера ја однесе победата со изведбата на „Зајди,зајди“.

„Сите ми велеа дека не треба да ја пеам таа песна, но мене некој внатрешен глас ми порача дека треба да истраам во тоа и ете не се излажав. Ќе го одржам ветувањето што го дадов и еден дел од наградата ќе го дадам во хуманитарни цели, а другиот дел на моите родители“, рекла 21-годишната студентка од Неготин која освои 100 000 евра.

Слушнете ја прекрасната изведба:

[youtube]http://youtu.be/p6iLA1CuFX4[/youtube]

- Реклама -