Зајакнете го имунитетот по природен пат

Зошто ниту еден вирус не ве заобиколува, додека вашите блиски пријатели успеваат да останат здрави?

Виновен е вашиот имунитет кој не успева да се избори со бактериите. Може да го зајакнете со едноставна стратегија која ќе го подобри вашето општо здравје.

1.Подобрете ја исхраната

На вашето тело му се потребни протеини. Може да ги добиете од белки, железо, цинк, Б витамини и омега 3 масни киселини.

За појадок испијте јогурт, за ручек направете грав, за ужина изедете шака јаткасти плодови, а за вечера испечете пилешко месо. Мора да го зголемите консумирањето на овошје и зеленчук. Со секој оброк изедете зеленчук во две различни бои.

red fish and fresh vegetables

Кажете и „да“ на рибата и одберете лосос или туна два пати неделно.

2.Земајте суплементи

Во повеќето аптеки може да пронајдете суплементи од разни витамини. Еве кои се најдобри:
Витамин Д кој е ретко да го најдете во исхраната и пробиотици кои го подобруваат варењето и ја зголемуваат активноста на белите крвни зрнца.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

3.Посетете теретана

Една голема студија спроведена во 2010 година покажала дека лицата кои се активни пет дена во неделата, поретко се разболуваат и имаат двојно посилен имунитет.

stock_gym_photo

Пет дена во неделата вежбајте барем по половина час. Не претерувајте, затоа што вежби со голем интензитет го доведуваат вашето тело во состојба на стрес.

4.Намалете го стресот

Емоционалниот стрес го тера вашето тело да ослободува кортизол и адреналин кои ги намалуваат Т ќелиите. Од него може да се ослободите со смеење, молење или медитирање и со играње.

- Реклама -