Косово не е држава и тоа е очигледно, само станува збор за обид на одредени држави да го протуркаат признавањето, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
– Тоа не е држава и тука постои политички аспект. Познат е ставот на Русија за грубото кршење на меѓународното право, суверенитетот и територијалната целовитост. Се тоа е пропишано во адекватните резолуции на Советот за безбедност на ОН. Државите што го признаа Косово како суверена држава направија грубо кршење на тие постојни резолуции – изјави Захарова на конференција за новинарите.
Захарова оцени и дека ниту во реалноста, ниту на правно поле, Косово на никој начин не може да постои како држава. Според нејзините зборови, изјавите дека Косово е држава остануваат само празни зборови, затоа што тоа противречи на меѓународното право.
– Тие не успеаа и нема да успеат во тоа – заклучи Захарова.