Загадувањето во Кина алармантно: Направил цела цигла од смог

Досега рекордното загадување на воздухот во Пекинг го затвори населението по дома.

Кинеската престолнина со години важи за најзагаден град во светот, а токму овој факт го принудил 34 годишниот уметник Nut Brother да се појавува 100 дена во годината по неколку часа надвор и да ја собира смогта со правосмукалка.

Уметникот не го правел тоа со цел да ја намали загаденоста, туку за да и претстави сликовито на јавноста што дише, на начин што од смогот направил цела цигла.

cigla-smog
Прашината што ја собрал ја помешал со глина и добил полуготова цигла, со тоа што целиот производ ќе го добие за неколку дена.

Тој пред две години го напуштил градот, откако загадувањето ги надминало сите стандарди на и над дозволеното.

- Реклама -