Премиерот Зоран Заев неделава користи слободни денови од зимскиот одмор. Од Владата потврдуваат дека тој нема да биде во Македонија, пренесува „Фокус“. Дел од одморот, велат, Заев ќе го помине во Германија во приватен аранжман, а дел на други локации.
Вчерашната неофицијална средба на Заев со косовскиот премиер Рамуш Харадинај била остварена токму на аеродромот во Приштина, каде Заев чекал лет за Германија.
Харадинај му честитал на Заев за успешното заокружување на договорот со Грција, а за средбата со „неговиот колега од Република Северна Македонија“ објави и на социјалните мрежи:
„Се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија – Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокружување на договорот од Преспа, кој ѝ гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со Скопје се одлични“, порачува косовскиот премиер.