Заев задоволен од договорената средба меѓу Пендаровски и Макрон: Конечно ќе се разговара за сите аргументи

И Заев барал средба со Макрон, но среќен е што францускиот претседател ќе се сретне со македонскиот колега Стево Пендаровски.

Тоа ќе биде можност државниот врв уште еднаш да ги претстави нашите аргументи и Макрон да ги разгледа ситуациите, вели премиерот, пренесува „Локално“.

„Среќен сум што конечно висок наш претставник ќе се види со првиот човек на пријателска Франција и да се разговара за сите аргументи, за Макрон да ги разгледа ситуациите“, вели Заев, додавајќи дека прашањето не е важно само за Северна Македонија и за Западен Балкан, туку и за Европа.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -