Заев за ТВ21: Ги штитиме јазикот и идентитетот, проблемите се решаваат со дијалог а не со блокади

„Ние ги штитиме државните интереси – особено јазикот и идентитетот, како и државните интереси – за да одиме чекор понатаму, да не ни биде блокирана државата, а токму тоа е пораката од овој форум“, рече во интервју за ТВ21 премиерот Зоран Заев.

„Преспа Форумот за дијалог се случува токму во Преспа бидејќи тука е позитивниот дух на Преспанскиот договор кој испрати порака на пријателство и како урнек за многу региони во светот и преку овој пример можат да се решаваат и други проблеми“, истакна Заев.

Според премиерот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не треба да биде гостин на еден ваков голем настан каде се присутни лидери од целиот свет, туку и организатор.

„Убаво е да бидеме секаде сите во интерес на државата, во развиените демократии за круцијални прашања нема поделеност на власт и опозиција. Целиот свет беше тука, не би коментирал подлабоко. Тоа е патот на 21 век, каде низ дијалог се наоѓа решение ако се разговара“, рече Заев.

- Реклама -