Заев за новиот имиџ: Синот сакаше да ме види со брада, а и убаво е, штедам 20 минути наутро

На премиерот Зоран Заев не му пречи што последниве денови тема на интерес, меѓу другото, е и неговиот нов имиџ, односно неизбричената брада. Во одговор за порталот „ММС“, тој објасни на што се должи ваквата промена и дали е одраз на зрелост, на летна опуштеност или можеби светските трендови.

„Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ“, рече премиерот, но откри дека главниот „виновник“ сепак е неговиот син:

„Последниот викенд бев со семејството, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: ‘Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада. Остави ја малку, па потоа ти одлучи си’. Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е“, открива Заев.

„ММС“ посочува дека ова е втора негова промена на имиџот откако е премиер, алудирајќи на очилата, со кои Заев првпат се појави по прогласувањето на победата на СДСМ на последните парламентарни избори. За разлика од брадата, меѓутоа, очилата се резултат на годините, открива Заев, ТУКА.

- Реклама -