Заев vs. Османи: Ќе ги имплементираме сите укажувања од Венецијанската комисија

„Законот е право, човечко право кое произлегува од правото на употреба на јазици. Јазикот е средство да се разбереме, да го направиме животот да ни биде полесен, покомуникативен и слично. Оттука доаѓа потребата, буквално, на употребата на јазиците. Тоа е уставно право на граѓаните. Еве го законот живее денеска, ништо не се сменило во нашата земја, а граѓаните имаат дополнително право коешто Уставот им го гарантира“, изјави премиерот Зоран Заев прашан за нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, кое сѐ уште официјално не е презентирано во јавноста, но неофицијално веќе беа објавени дел од заклучоците.

Откако Венецијанската комисија и официјално ќе ги достави конечните укажувања, тие ќе бидат не само „почитувани“, туку и имплементирани, најави премиерот во изјавата пренесена од „Телма“.

„Секако, ние сите ќе ги имплементираме, заради тоа што ако сме со намера да бидеме во Европска унија, треба да ги почитуваме европските институции, заради тоа што тие ни кажуваат што е европско, што е контра-европско, што е про-европско…“, изјави Заев.

За разлика од него, вицепремиерот Бујар Османи изјави дека во владата има усогласен став дека Законот за употреба на јазиците (од 2018-та) е добар и дека треба да се продолжи со неговата имплементација. Изјавите погледнете ги ТУКА.

- Реклама -