Заев: Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстично поскапување на електричната енергија

„Во услови на светска енергетска криза, успеавме да спречиме драстрично поскапување на електричната енергија од над 25% и да го активираме домашното производство за ублажување на ценовниот шок“, напиша на Фејсбук екс-премиерот и екс-лидер на СДСМ – Зоран Заев, откако РКЕ одлучи цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се покачи за 9.48%, како и да ја укине дневната (евтина) тарифа.

„Се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела“, посочува Заев, додавајќи дека од голема важност е да има солидарност на сите чинители на електро-енергетскиот сектор, редуцирање на трошоците и штедење.

„Рестрикции на електрична енергија нема да има. Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција на успешно соочување со енергетската криза. Во моментов има доволно обезбедени количини на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со два блока. ТЕЦ Неготино веќе е вклучен со половина капацитет, од јануари ќе работи со полн капацитет, а од јануари ќе биде вклучен и третиот блок на РЕК Битола

Сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат обезбедени од домашно производство, односно без увоз“, посочува исто така Заев.

„На денешната седница Владата на предлог на Министерство за економија обезбеди 60 милиони денари финансиска поддршка со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година. За првпат се воведува парична помош за најранливите категории на лица со ниски примања, кои не се приматели на гарантирана помош согласно закон.

Состојбата се следи и со сите релевантни чинители се донесуваат решенија во интерес на граѓаните, со цел ублажување на ефектите од светската енергетска криза“, додаде Заев.

- Реклама -