Не се работи за некаква нова Југославија, туку за акциja за Балкан од 21-от век, Балкан од кој нема да бeгaaт младите, порачаа лидерите премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот во Охрид, каде постигнаа договор за таканаречениот „мал шенген“.
Денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев сумира за какви мерки се работи:
„Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан:
• Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти;
• Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи;
• Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите;
• Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации;
• Зајакнување на полициската соработка за пpeкугpaнична бopба против кpиминaл, тepopизам, нeлeгaлнa мигpaциja и итни ситуации;
• Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“, порача премиерот.