Заев во одбрана на Нина Групер: Додека вие пaлaмудитe, таа дава плата!

Премиерот Зоран Заев денеска имаше доста работа за да го одбрани својот предлог министер за финансии – Нина Ангеловска, основачка на „Групер“, на собраниската седница на која се расправаше за предложените министри. За тоа заслужни беа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои имаа низа забелешки за работењето на Ангеловска и околу нејзината репутација, како тоа дека своите вработени ги пријавувала на минимална плата, а пари им доплаќала на рака, за да избегне даноци и да плаќа придонеси.

Премиерот Заев, освен што ги демантираше сите овие обвинувања, се послужи и со „народски јазик“. По обраќањето на Ѓорчев, Заев во одбрана на Ангеловска рече:

„Држите некои предавања тука, 20 години државата ве плаќа да пaлaмyдитe тука и да мешетарите и да испорачувате малверзации. Имате човек за 8 години засукал ркавите, дава плати. Дава плати! А вие две децении чекате плати од државата за да можете да држите овде некoи лекции демотивирачки за сите други млади луѓе во државата“.

Прочитајте и:  Заев и Ципрас со заедничка колумна: Без проактивен пристап, ЕУ ризикува понатамошно распаѓање во Западен Балкан
- Реклама -