„Сега знаеме како (Груевски избега од земјата)“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за угледниот германски Frankfurter Allgemeine Zeitung.
„Груевски со лифт се симнал во подрумот на зградата, а таму се сокрил во багажникот на автомобилот кој го извел надвор од земјата. Во Албанија, го чекало друго, унгарско дипломатско возило“, вели премиерот, со што станува прв носител на висока политичка функција кој излегува со тврдење дека Груевски бил пречекан од унгарски дипломати веднаш на границата, пренесува „Дојче веле“. Повеќе прочитајте ТУКА.