Заев, во друштво на холандскиот колега Руте, ќе ги бодри фудбалерите од трибините во Амстердам

Премиерот Зоран Заев ќе ги бодри македонските фудбалери од трибините и на денешниот, последен за нас на ова Европско првенство, натпревар против Холандија.

Друштво на Заев на трибините на „Јохан Кројф арена“ ќе му прави холандскиот премиер Марк Руте, на чија покана всушност македонскиот премиер отпатува за Амстердам.

Денешниот натпревар од 18 часот ќе биде последната шанса на ова ЕП за Македонија да го освои првиот бод на едно големо фудбалско натпреварување. Воедно, ќе биде и последниот меч на капитенот Горан Пандев за боите на Македонија.

- Реклама -