„Јас верувам многу дека ‘Договор куќа гради’ и дека секој договор може да донесе добро, дека секој договор е навистина нешто што е европско, нешто што Европа нѐ учеше низ годините. Ние градиме пријателство, а преку тоа и економска и секаков вид на соработка и подобар живот на своите народи“, порача премиерот Зоран Заев денеска преку Фејсбук, потсетувајќи на кажаното на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, при нејзината посета на земјава.
„Убеден сум дека дијалогот, дипломатијата, разговорите, пријателството, подадената рака, меѓусебното разбирање, водењето грижа едни за други – се европските начини на изнаоѓање решенија и ние ќе продолжиме со вакви европски манири, со европски начин на однесување, за да ѝ покажеме и на Европа, а и дома, дека заслужуваме да бидеме еден ден членка на ЕУ“, порача премиерот.