Заев вели дека е најпопуларен политичар меѓу Албанците. Што вели Ахмети?

ФОТО: ТВ 21 на Фејсбук

„Најподдржуваниот, не сакам да кажам, но тоа е ДУИ, која е најподдржаната партија кај Албанците во Македонија и јас сум најподдржуваниот човек кај Албанците“, вели Али Ахмети во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21, коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев од пред неколку дена во истата емисија, кога тој се пофали дека е најподдржуваниот политичар кај Албанците.

„Г. Заев има симпатии од Албанците поради промените што ги направи и храброста што ја презема за неколку важни прашања“, додаде Ахмети, по што водителот се замеша со „Да, но и гласови зема“, мислејќи на Заев. „Да, но ако направите биланс, Албанците ги имаа сите гласови што ги имаа во претходните мандати“, одговори Ахмети.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Видео исечок од изјавата ТУКА.

- Реклама -