Заев: По две години, #МојДДВ е успешна приказна, вративме 36.3 милиони евра кај граѓаните (ВИДЕО)

По две години од воведувањето на МојДДВ, премиерот Зоран Заев, во видео обраќање на темата, го оцени проектот како успешна приказна, а за тоа, порача, заслужни сме сите заедно.

Тој потсети дека скенирањето на фискалните сметки е враќање пари назад кај граѓаните, но и добивка за компаниите и државата.

„Вративме 36.3 милиони евра кај граѓаните како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки. Заедно придонесуваме во борбата против сивата економија и даночното затајување“, потенцира Заев.

„Две години МојДДВ. Честитам за успешноста на проектот кој нѐ вивнува први на Балканот по својата реализација“, додава премиерот во видео обраќањето.

Според УЈП, 399 илјади граѓани го користат #МојДДВ. Во првата година исплатени биле 670 милиони денари, а во втората – 1.5 милијарда денари.

- Реклама -