Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација, сподели премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, кој заедно со холандскиот колега Марк Руте го следи последниот натпревар на македонската репрезентација на ова Европско првенство од трибините на „Јохан Кројф“ арената.
Изразувајќи благодарност до Руте за поканата заедно да го следат натпреварот, Заев порача:
„Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на ‘гостински’ терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес #MKD 🇲🇰 и #NED 🇳🇱 се уште поблиски“, напиша Заев.
Тој уште еднаш ги охрабри фудбалерите.
„Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци. Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас“, порача премиерот.