Заев „објасни“ зошто директорите на здравствените установи се поставуваат со политичка одлука

Политичка е одлуката кој ќе биде директор на здравствените установи, како и за сите други институции, но во основа, условот за избор е сепак експертизата и стручноста – изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, лекарите можат да придонесат многу и со својот општествен ангажман, не само професионален. Затоа голем број од нив, вели, се на директорски позиции. Повеќето се поставуваат како вршители на должност заради транспарентните постапки, но потоа се дава можност на компетитивна основа да се јавуваат сите, додава тој.

Како што самиот истакна, повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економсити.

„Политички се поставуваат најголемиот дел од директорите и на здравстените институции зашто политичката одговорност граѓаните ја пренесуваат на политичарите и политичките партии и тие ја преземаат преку свои политичко-поставени раководни структури. Друго е што голем дел од директорите на здравстените институции се поставени на експертска база. Но, политичка е одлуката да биде тој, а не другиот, зашто веруваме дека правото да управуваме со институциите доаѓа со одговорноста на институциите. Наша желба е пред сѐ лекари да ги водат здравстените институции и затоа најголем дел од директорите се лекари, иако има и економисти“, објасни Заев.

Тој додаде и дека она што го зборуваме во суперлатив за нашите лекари важи и во делот на нивниот општествен ангажман, не само професиоанален. Тие се застапени во кандидатурите за градоначалници, советници, пратеници, високи носители на извршната власт, па и на директорските позиции зашто имаат знаење, квалитет, општествено се одговорни и многу може да придонесат за системот на државата, додаде премиерот.

- Реклама -