Премиерот Заев воопшто не сака ни да размислува на опцијата што ако не успее референдумот.
„Не сакам ни да помислам што доколку не биде исполнет цензусот. Ако сега не го постигнеме кога. Ова е историска одлука. Оваа одлука можат да ја донесат само граѓаните. И драго ми е што навистина имаме можност преку врвната алатка во демократијата референдумот тоа да го направат. Јас донесов одлука, министрите околу мене донесоа одлука. Собранието донесе одлука.“ – вели Премиерот Заев.
На новинарско прашање околу цензусот и евентуалното непостигнување на истиот, премиерот Заев рече дека останувањето дома, т.е. негласање на референдумот, не (би требало да) е опција, и дека со тоа граѓаните би им ја препуштиле одлуката на институциите.
Целата прес-конференција во видеото (почнува од 21 минута):